„ДОЈДЕНО Е ВРЕМЕ ЗА ПРЕТСЕДАTЕЛ НА МАКЕДОНИЈА АЛБАНЕЦ“ Касами од Беса јавно го кандисува Таравари да се кандидира

0
147

Претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами во интервју за весникот Лајм изјави дека е дојдено времето за претседател на Македонија да биде избран Албанец и оцени дека идеален кандидат за оваа функција е претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, пренесува порталот МКД.мк

-Убеден сум дека дека Северна Македонија е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како со симболичните понуди од ДУИ во овие 20 години совладеење кои кулминираа со оваа техничка влада. Со техничка влада во која има премиер Албанец, во влада која е половина албанска, но кога пак, Албанците се подискриминирани од кога било“, изјави Касами, пренесува МКД.мк