И Канчевска се спаси: Застаре предметот „Тендери“ на СЈО

0
116

Поради неодамнешните измени на Кривичниот законик застаре и случајот ,,Тендери” на СЈО, во кој една од обвинетите беше екс министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска.

По пет години судење, минатата година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда, а кога случајот стигна на Апелација беше утврдена застареност.

-Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната пресуда во одбивателна, одговориле од Апелација за ,,Фокус”.