Каков и колку рибен фонд има во шарпланинските реки: Најприсутна е пастрмката, во Вратничка река нема риби

0
195

Пристигнати се првичните резултати од првото истражување за видот на рибите и нивниот фонд во шарпланинските реки, објави СП.

Истражувањето го вршеа професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот во Белград.

Од Националниот парк „Шар Планина“ велат дека истражувањето е пообемно, се испитува дури и ДНК на рибата. Теренското испитување е завршено. Има позитивни, но и поразителни резултати.

Научната фела има влезено и подлабоко. Некое истражување има околу ДНК на рибите. Секако ние ги очекуваме и официјалните целосни резултати од ова истражување. Досега не се направени вакви научни истражувања. Сега како институција имаме потпишано и Меморандум за соработка со овој универзитет и отсега натаму ќе имаме резултати научни и докажани. Пастрмката е присутна во сите реки, но подетално ќе бидете информирани откако ќе ги добиеме официјалните резултати од Универзитетот во Скопје. Има риби, но добивме информација кој првично ни стигна дека во Вратничка река нема риби. Тоа е нешто загрижувачки и ќе истражуваме зошто е тоа така“, рече Ибрахим Дехари директор на Националниот парк „Шар Планина“.

Девијантните појави од кои најголемата изградбата на хидроцентрали на шарпланинскиот масив прави најголеми штети во Националниот парк. Од изградбата на ваквите објекти највеќе страдаат рибите оти голем дел од водата наместо во речното корито завршува во цефки и турбини. За флората, фауната и рибниот свет не се пушта воопшто биолошкиот минимум на вода.