Ковачевски до ВМРО-ДПМНЕ: Бидете мажи до крај, со грчката амбасадорка се сликате со северна, а на друга страна „никогаш северна“

0
131

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, за време на неговата посета на тетовско Желино, одговарајќи на прашањето дали е можно да се продолжи рокот на патните исправи со старото име на државата кажа дека разговарале со преставници на Грција, но нивниот став бил дека договорот треба да се почитува, особено во делот на користењето на уставното име.

– Сѐ се одвива согласно меѓународни договори кои не треба да се сменат ако за тоа немаме некоја согласност од нашите меѓународни партнери и другата страна која го потпишала Преспанскиот дооговор, односно Грција, додаде Ковачевски.

Според него, непочитувањето на името на земјата од страна на ВМРО-ДПМНЕ говори за нивната дволичност, популизам и лажен патриотизам.

„Грција изразувала став за непочитување на договорот од наша страна каде наши преставници ги менуваат натписите на меѓународни конференции. Ние како општество треба да одлучиме што сакаме, со популизам никаде не се стига. Од ВМРО-ДПМНЕ велат договорот со Грција е реалност. Иако кажуваа дека дента кога ќе дојдат ќе го вратат уставното име, сега гледате велат договорот бил реалност и треба да се почитува, така и за сѐ друго ќе направат. Но, кога ќе излезат надвор кога сакаат да се покажат колку се патриоти ќе видат некој натпис со Северна Македонија и го бришат со пенкало. Ако вие сте решен, како што ние сме решени Северна Македонија да стане членка на НАТО и решени сме да стане членка на ЕУ и сме гласале за преговарачка рамка сме покажале визија, тогаш и другата страна треба да покаже визија и храброст. Ако се против договорот од Преспа нека кажат дека се против, ако се против преговарачката рамка нека кажат, ама не да биде како териториријалната поделба правеа хистерија и референдум, дојдоа на власт и не ја сменија територијалната поделба. Ако си маж биди маж до крај, а не добар ден со грчката амбасадорка пред Северна Македонија, а на другата страна „никогаш северна“. Ако си против нешто кажи дека си против, рече Ковачевски.

Тој даде коментар и за апанажата од 2.500 евра што ќе ја зема, велејќи дека сето тоа е согласно закон. Законите мора да се почитуваат, кога не би се почитувале немаме да имаме и зголемување на минималната плата, вели лидерот на СДСМ.