МВР: Казнети 225 возачи за брзо возење

0
172

Во рамки на акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената полицијата вчера санкционираше 225 возачи.

Како што соопшти МВР, од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 113 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.