Портпаролката на Алексеј Навални ја потврди неговата смрт

0
163

Информацијата за неговата смрт, како што пишува портпаролката на рускиот опозиционер, Кира Јармиш, е потврдена од мајката на Навални, Људмила, која отпатувала во затворот во Сибир каде што тој ја отслужуваше затворската казна.

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, денеска на социјалната мрежа Икс ја потврди смртта на рускиот опозициски политичар откако вчера беше објавено дека тој починал во затворот во Сибир.

360°.mk