Руската државна каса никогаш не „тежела“ повеќе

0
161

Според анализата на економистот на РАНД Хауард Шатц, рускиот буџет и јавната потрошувачка никогаш не биле толку високи како оваа година. Истражувањето го спровел со анализа на податоците кои ги објавило руското министерство за финансии. Причината за големите приходи е трговијата со Индија, пренесува Си-ен-ен. Минатата година Русија на Индија ѝ продала сирова нафта во вредност од 37 милијарди долари, по што Индија ја преработува таа нафта и ја продава на Западот.

Индија го зголеми обемот на сировата нафта што ја купува од Русија дури за 13 пати во однос на предвоените бројки, покажува истражување на Центарот за истражување на енергијата и чистиот воздух (ЦРЕА). Продажбата на сирова нафта на Индија не е под санкции и е целосно легална, со проучување на поморските рути може да се утврди дека толку големиот обем на извоз веројатно вклучува користење „флота на духови“, за да се скрие со кого и како Москва тргува.

Си-ен-ен забележале примопредавање во грчкото пристаниште Гитио, каде нафта била префрлена од еден на друг танкер, за да се прикрие потеклото на стоката и дестинацијата на која стигнува. Двата танкери тргнале од Русија. Еден е во сопственост на индиска компанија која е обвинета за кршење на санкциите, а другиот бил во сопственост на личност под американски санкции, наведува компанијата Пол стар глобал, која се бави со следење на светската трговија.

„Трансферите се вршат и легално, но станува збор за тактика со која се избегнуваат санкциите“, вели Дејвид Тененбаум од Пол стар глобал. „Се додаваат повеќе слоеви во играта и се збунуваат властите. На крајот не знаете од каде таа нафта доаѓа и кој ја купува“, вели тој.