СДСМ на став дека шефот на државата треба да се избира на непосредни избори, а не во парламентот

0
115

Ставот на владејачката партија е дека моделот за избор на претседател на државата не треба да се менува бидејќи, како што велат, само претседател избран директно од граѓаните има широк потенцијал да делува во обединување на општеството, граѓаните, партиите и да придонесе за остварување на стратегиските и национални цели
Откако Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Арбен Таравари, како претставник на опозициските партии на Албанците, најавија дека во своите изборни кампањи ќе се залагаат функцијата шеф на државата да се избира во Собранието, со реакција се јави СДСМ и порача дека не треба да се назадува во демократските процеси.

Ставот на владејачката партија е дека моделот за избор на шеф на државата не треба да се менува бидејќи, како што велат, само претседател избран директно од граѓаните има широк потенцијал да делува во обединување на општеството, граѓаните, партиите и да придонесе за остварување на стратегиските и национални цели.

„Идејата на дел од партиите која овие денови се реактуализира претседателот на државата да се избира во Собранието не е нова. Станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година коешто не беше прифатено од страна на СДСМ. Како и тогаш така и сега, ставот на

Социјалдмократскиот сојуз на Македонија останува идентитечен: моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува“,велат од СДСМ во партиското соопштение.

Оттаму нагласуваат оти претседателот на државата треба да биде избиран на директни и непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните. Додаваат дека на оваа функција треба да биде човек кој не ја застапува мнозинската волја на граѓаните, туку на сите граѓани без разлика на партиска, етничка или друга припадност.

„Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите“,додаваат од СДСМ.

Реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз следува откако прво Арбен Таравари, како кандидат за претседател на опозициските партии на Албанците, а потоа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најавија дека во своите изборни кампањи ќе се залагаат функцијата шеф на државата да е избира во Собранието.

Извор 360