Скопјанец физички нападнал полицаец на служба

0
176

34-годишен скопјанец нападнал полицаец.

– На 12.02.2024 во 16.30 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Т.(34) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.