Таравари за „Слободен печат“: Ахмети ми понуди да бидам прв Албанец премиер

0
110

Нашата цел ќе биде граѓанинот, а не етничката заедница, иако не сакам да бидам дволичен – главниот таргет ни е албанскиот етникум. Меѓутоа јас очекувам огромна подршка искрено и од Турци и од Роми, од Бошњаци и од други етнички заедници и од Македонци кои што живеат во Македонија, вели Арбен Таравари, кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција.

Зборувајќи за односите со ДУИ и со лидерот на партијата Али Ахмети, Таравари во интервју за утринската програма на Слободен печат изнесе детали за конкретни понуди што тој ги добил.

– Да беше лично за мене понудата на господинот Ахмети тоа ќе беше понуда што тешко може да некој да ја одбие. Ќе беше многу лесно, партијата и овие што беа проДУИ ќе одевме, ќе земевме одреден број пратеници, меѓутоа после тоа веќе ќе немавме политички идентитет. За мене лично, пак, ми нудеа што сакам и прв албански премиер и претседателски кандидат да бидам од ДУИ и Алијанса и пратеник и бројки на пратеници и градоначалници. Меѓутоа идејата не ми беше таква. За мене лично беше најдобро со господинот Ахмети да се договорам, меѓутоа ќе имав проблем со гласачите, вели Таравари.

Тој смета дека ДУИ предолго е дел од власта и дека на овие избори опозицијата во алабанскиот кампус има реална шанса да ја победи партијата на Ахмети, откако за тоа биле пропуштени неколку шанси на претходните избори.

– Ние веруваме дека имаме капацитет од луѓе што можат да ја донесат промената. Ние ако се споевме со Беса во 2020 година уште тогаш ќе ја донесевме промената. ДУИ е 22 години на власт, тоа е исто како во комунизмот. Па и сѐ добро да имаат направено, 22 години се премногу, заклучи Таравари.

Во однос на коалицискиот капацитет, Таравари смета дека се посакуван пертнер и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

– Ако направите една анкета меѓу членството на СДСМ ќе видите дека поголемиот број од нив повеќе би посакале коалиција со албанската опозиција отоколку со ДУИ. Инаку ние никому не сме му дале збор за коалиција. Јас со господинот Мицкоски не сум се видел од ноември 2022. Ние ќе го тераме нашиот натпревар во албанскиот блок со трите приоритети од кои сите се за европкска Македонија, додава тој.