Тошковски: Стигнаа нови 20 илјади обрасци за пасоши, ама пратениците да го изгласаат заглавениот закон

0
272

20 илјади нови обрасци за пасоши се достапни за граѓаните, ама само за оние кои добиле термин по итна постапка за која се плаќа и три пати поскапо. Пасош ќе добијат и оние кои доставиле медицинска потврда, а дел од обрасците се двојазични. Министерот за внатрешни работи вели одговорноста за таквата состојба била кај претходното раководство.

Решението за хаосот го гледа во Парламентот, бара пратениците да го изгласаат Законот за патните исправи кој е поднесен, како што помина и тој за возачките дозволи

Иако беше најавено граѓаните ниту денеска нема да можат електронски да проверат дали им се готови патните исправи, за кои се сликале пред повеќе од еден месец. Ниту Тошковски, ниту неговиот заменик Бојмацалиев не знаат да кажат кога ќе почне да функционира проверката на готовите документи преку интернет страницата на МВР.

И додека министерот критикува дека неговиот претходник е виновен за хаосот со документите, Бојмацалиев тврди дека немало застои со издавањето на личните документи.

Граѓаните се револтирани и од рапсределбата на пасоши во амбасадите по објавата на МНР дека дијаспората ги добила во редовен рок од две недели, а заглавените дома и по два месеци од фотографирање немаат нови документи.