Во текот на вчерашниот ден три лица од Скопје пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.
Како што соопштија од МВР, на 20.02.2024 во 11.40 часот во Полициската станица Аеродром К.Д.(34) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник. Нешто подоцна во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба Н.П.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник. Истиот ден во 18.30 часот во Полициската станица Карпош П.В.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Скупи“ бил каснат од куче скитник.