Дедо си доградил уште еден спрат на куќата без одобрение – ќе одговара кривично на 78 години

0
215

78-годишен дедо од Струга се соочува со кривична пријава оти без дозвола нa веќе индивидуална куќа на катастарска парцела во Струга си доградил уште еден спрат.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Ц.(78) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на веќе постојна индивидуална куќа на катарстарска парцела во Струга, бесправно доградил уште еден кат без одобрение од надлежен државен орган“, инфомираат од МВР.