БИСТИТЕ НА ХЕРОИТЕ АМБАРЧЕ И МЕРЏАН СЕ ПОСТАВЕНИ ВО МУЗЕЈОТ НА ТЕТОВСКИ КРАЈ

0
1247

Бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски Амбарче и Тодор Циповски Мерџан, кои беа отстранети од тетовскиот плоштад во 2007 година се привремено поставени во Музејот на тетовскиот крај,каде ќе може да им се оддаде достојна почит.

Тие се поставени во дворот на самиот музеј во населбата Два Бреста над цврсти постаменти.

Овие две спомен бисти во 2007 година од Општина Тетово без никаква одлука поради реконструкција на градскиот плоштад беа острани.

Тогаш од градската власт, рекоа дека бистите ќе бидат вратени. Но и по 17 години, народните херои не се враќаа во центарот на градот и покрај барањата на Сојузот на борци, повеќе здруженија како и партии.