Богоев: Полиграфот не е решение за борба против корупцијата во Царината

0
115

Полиграфот не е решение за борба против корупцијата во Царината, вели директорот на оваа институција, Стефан Богоев. Тој претпочита безбедни механизми и практики.

Во интервју за Радио Слободна Европа тој сепак призна дека има корупција во Царината и очекува да се испита имотната состојба на вработените за кои во јавноста се доживуваат како едни од најкорумпираните во земјава.