ВИДЕО: Експлозија во електрана во Русија, тројца исчезната, 18 повредени

0
181

Три лица се сметаат за исчезнати, а 18 се повредени во експлозија во котларата на електраната и топланата Шагонар во оддалечениот регион Тува во Русија, соопшти денеска регионалниот шеф Владислав Ховалиг.

„Шест лица се во тешка здравствена состојба“, напиша Ховалиг на апликацијата за пораки Телеграм.

Пожарот кој избувна во зградата е локализиран и ставен под контрола.

– Нема пријавени смртни случаи, а причината за несреќата допрва ќе се утврдува, наведе Ховалиг.