Внукот на Али Ахмети се повлече од „Тор индустрис“, фирмата има нови газди

0
119

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој беше основач и сопственик на „Тор индустрис“ до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата.

Оваа информација преку соопштение до медиумите ја соопштија од „Тор индустрис“ објавувајќи дека компанијата има нови газди. Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

„Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на ’Тор индустрис‘ водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината. Оваа одлука доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од ’Американ интернешенал холдингс‘ во Тексас“, пишува во соопштението од „Тор индустрис“.

Како дел од договорот за стекнување, „Тор индустрис“ ќе ги поседува сите средства кои претходно биле во сопственост на Ахмеди, обезбедувајќи континуитет и стабилност за работењето на компанијата и нејзината посветена работна сила, се додава во соопштението.