ДУИ: „Вреди“ во координација со Левица против Османи – „ДУИ стравува дека ќе се открие врската со Русија“, возвраќаат од „Вреди“

0
111

Во координација со ВМРО-ДПМНЕ и Левица, коалицијата ВРЕДИ со интензивни шпекулации кон Бујар Османи и Талат Џафери, обвинуваат од ДУИ. Реагираа од коалицијата ВРЕДИ велејќи дека ДУИ стравува дека ќе бидат откриени нивните врски со Русија.

Изборите се ближат, албанските политички партии се уште не ја започнале кампањата а веќе се обвинуваат меѓусебно. Обвинувањата продолжуваат за тоа која партија е проруска а која “се бори“ за да докаже која партија е проамериканска и проевропска. Од ДУИ повикуваат на кампања според европските и демократските вредности.

„Координирана со ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски и ЛЕВИЦА на Апасиев, како и во отсуство на изборна програма, коалицијата ВРЕДИ ги засили клеветите против Бујар Османи и Талат Џафери, а не ги штедат ниту семејствата на функционерите, што е вознемирувачко и за граѓаните, а се огласи и меѓународниот фактор во земјава. Ја покануваме опозицијата, и албанската и македонската, да води кампања во согласност со европските и демократските вредности, бидејќи се што е против тоа значи напуштање на Европската унија и приближување кон Путиновата Москва“, велат од ДУИ.

Реагираа од ВРЕДИ од каде рекоа дека ДУИ стравува дека ќе се откријат нивните врски со Русија.

„Токму градоначалникот на Струга, член на ДУИ, Рамиз Мерко е ставен на американската црна листа поради корупција и злоупотреба на правдата. Теута Арифи и понатаму останува запаметена како соработничка на бизнисменот со руски врски Дака Давидовиќ, која исто така е на американската црна листа. Мендух Тачи, блискиот соработник на Али Ахмети и понатаму е на американската црна листа. И ако тоа не беше доволно, министерот за надворешни работи Бујар Османи беше домаќин и на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со што стана првиот и единствениот кој ги отвори вратите за Русија“, велат од „Вреди“

Овие обвинувања меѓу политичките партии стануваат се поостри како што се наближуваат изборите. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг заедно со претседателските избори на 8 мај.

Tv21