Ковачевски: Направивме многу, но тоа не е доволно, со новата програма до 600 евра минимална и над 1000 евра просечна плата

0
119

7 години се прилично долго време. Низ тие 7 години, СДСМ направи многу добри работи. Минималната плата денес е над 370 евра, просечната плата е над 650 евра, иако ветивме 500. Пензиите се во просек за 6000 денари повисоки, и континуирано ќе растат. Сѐ се тоа двојно и ли тројно зголемени показатели. Невработеноста ја преполовивме. – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

Ние нашите планови, а и ветувања, ги исполнуваме. Ние даваме сѐ од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните. Исто како што ги дадовме сè од себе за да им помогнеме на граѓаните и фирмите полесно да се справат со сите предизвици. Во најтешката криза, преку антикризните мерки помогнавме да не се почувствува ценовниот шок, се потрудивме зголемувањето на цената на струјата никој да не ја почувствува – рече Ковачевски.