Кумановец со измама стекнал 10.800 евра

0
151

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Во текот на 2023 година, пријавениот ја приложувал неговата лична банкарска сметка, наместо банкарската сметка на правното лице, каде што бил вработен, при што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 10.800 евра.