Обвинителството ќе се жали на одлуката на судијата да не и определи притвор на извршителката Јакимовска

0
101

Основното јавно обвинителство Кичево во текот на утрешниот ден ќе вложи жалба на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот суд Кичево со која на извршителката осомничена за три кривични дела и беше определена мерка на претпазливост наместо предложената мерка притвор.

Инаку, Судот го одби барањето на Обвинителството за определување мерка притвор и определи мерка на претпазливост за извршителката Весна Јакимовска, која нападна новинар и полицаец.