Пендаровски со последен чекор за враќање на државното рекламирање во медиумите, денеска го потпиша Указот

0
125

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Со овој Закон се овозможува повторно воведување на државно рекламирање во приватните медиуми, откако во 2017 година оваа практика беше укината на иницијатива на СДСМ.

– Законот предвидува постапка во која централна улога има комисија која е составена од претставници на политичките партии и од власта и од опозицијата, на паритетна основа. Исто така, во Законот се прецизирани критериумите според кои можат да конкурираат радиодифузерите, а јасно е дефинирана и постапката за избор на радиодифузери на кои ќе се прикажуваат кампањи на државно или на локално ниво. Тоа значи дека, за разлика од порано кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ своеволно одлучуваше кому колку пари ќе даде, сега е прецизно регулирано како и колку средства ќе добиваат медиумите за кампањи на државно или на локално ниво – се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.