Пендаровски: Ќе се зачленам во ВМРО-ДПМНЕ ако ги внесат Македонците во бугарскиот Устав

0
107

Стево Пендаровски, откако ја доби поддршката на СДСМ во кандидатурата за втор претседателски мандат синоќа на Конгресот на партијата, истакна дека ,,доколку ВМРО-ДПМНЕ успеат да ги натераат Бугарите да го променат нивниот Устав и ако успеат Македонците да бидат признаени во Бугарија како малцинство, тој ќе биде првиот што ќе се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ”.

Станува збор за детски муабет, додаде Пендаровски.

Јас очекувам двојна победа, затоа што македонските граѓани знаат дека алтернативата на ова што го нудиме, со сите грешки што ги признаваме и за кои јавно сме се извинувале и ќе се извинуваме, е заробена држава, е малтретирање на администрацијата на оние кои не се нивни, криминал од енормни размери и тотална изолација на државата од евроатлантските интеграции, рече Пендаровски.