Почна летното сметање на времето

0
161

Почна летното сметање на времето. Ноќеска во два часот со поместувањето на стрелките од часовникот за еден час нанапред заврши зимското сметање. Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата. Во јавноста со години постојана е дебатата дали треба да се заврши со промената на сметање времето, и какво влијание ова поместување на стрелките од часовникмот има врз здравјето на луѓето. ЕУ беше пред донесување на конечна одлука, но истата ја одложи.