Сабаленка ја победи најдобрата пријателка во тенисот, сите ја коментираат прегратката

0
171

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка играше на ВТА турнирот во Мајами три дена откако нејзиното момче Константин Колцов изврши самоубиство.

Сабаленка ги одмери силите со Паула Бадоса од Шпанија и рутински победи со 6:4 и 6:3 во сетови за конечни 2:0.

Инаку, Бадоса е најдобрата другарка на Сабаленка, нивниот меч траеше час и 24 минути, а Белорусинката се пласираше во осминафиналето на турнирот каде сега ќе се соочи со Украинката Калинина.

По победата на Сабаленка сите зборуваат за нејзината прегратка со Бадоса по мечот, а самиот тој гест го коментираа дека кажува се за ситуацијата во која се наоѓа. Инаку, и двете тенисери на овој меч носеа црна опрема.

ВИДЕО.

Невидена трагедија ја снајде Сабаленка по пристигнувањето на турнирот во Мајами, откако 42-годишниот Колцов, кој дојде на Флорида да ја бодри, се самоуби скокајќи од терасата на хотелот во кој престојуваше.

После се, Сабаленка се огласи и рече дека раскинала со Колцов пред тој да се самоубие, а очигледно после се собрала сила да настапи на овој престижен турнир во Мајами.

„Смртта на Константин е незамислива трагедија и, и покрај тоа што повеќе не бевме заедно, срцето ми е скршено. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овие тешки моменти“, рече Сабаленка.

Инаку, интересен е и податокот дека мечот на Сабаленка против Бадоса четири пати беше одложуван поради неповолните временски услови, но конечно се играше околу полноќ од петок кон сабота.