Ѓоковиќ: На момент се загрижив дека може да загубам, но брзо се сетив кој сум и што сум!

0
105

Новак Ѓоковиќ мораше да игра три сета, но го победи првиот противник на Индијан Велс и продолжува со настапот на Мастерсот на кој важи за прв фаворит.

Српскиот тенисер за противник го имаше Александар Вукиќ, првиот сет мина според очекуваното и Ѓоковиќ го доби со убедливи 6:2, но австралискиот ривал покажа заби во продолжението.

Поведе со 3:0, потоа дозволи Ѓоковиќ да дојде до израмнување, а клучната разлика во сетот ја направи во дванасеттиот гејм за 7:5 и израмнување.

Ѓоковиќ сепак не дозволи целосно изненадување, во третиот сет направи брејк во петтиот гејм, а потоа ја потврди победата во деветтиот гејм за конечни 6:3.

Следен противник на Ноле ќе му биде Италијанецот Лука Нарди.