Џошуа со брутален нокаут го „заспа“ Нгану во втората рунда, Камерунецот се освестуваше со кислородна маска (Видео)

0
165

Ентони Џошуа со моќен нокаут уште во втората рунда го победи Френсис Нгану во бокс мечот кој се одржа во Ријад, Саудиска Арабија.

По одличното издание со Тајсон Фјури, Френсис Нгану се обиде да се бори со уште еден врвен боксер, овојпат не помина добро.

Џошуа воопшто не го потцени Нгану кој во боксот дојде од ММА светот. Британецот беше максимално подготвен за овој меч и тоа го покажа на теренот.

Нгану двапати беше во нокдаун, еднаш во првата и еднаш во втората рунда. Веднаш по вториот нокдаун беше брурално нокаутиран од Ентони Џошуа.

Џошуа по мечот му порача на Нгану да продолжи со боксот и да не се откажува, но ќе видиме каков ќе биде потегот на славниот ММА борец.

ВИДЕО.