21-годишник осомничен за силување на малолетничка, Обвинителството бара притвор

0
118

„Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата ‘Прилепска’ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.

Дваесет и едногодишен маж е осомничен дека во повеќе наврати силувал 14-годишно девојче во стан во Битола, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Битолското Основно јавно обвинителство, според соопштението, донело наредба за отворање на истрага против осомничениот кој, како што се наведува, се товари за продолжено кривично дело силување дете од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата ‘Прилепска’ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче“,

се наведува во соопштението.
Надлежниот обвинител од Основниот суд во Битола бара на осомничениот да му биде одреден притвор.