Влегол во казино, ја репетирал пушката, присутните легнале на подот па ги зел парите

0
201

На 24 април 28-годишен жител на Непроштено маскиран со фантомка и вооружен со автоматска пушка влегол во казино во Лешок, на сите им се заканил на легнат на подот и потоа ги одзел парите.

Осомничениот, маскиран со фантомка, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета за поседување, им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.
На овој начин осомничениот сторил кривично дело – разбојништво по член 237 став 4 во врска со став 1, како и кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението.