Во сообраќајка во Тетово повреден малолетник

0
135

Вчера околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.