Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп

0
135

Почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп во петок на 19 април, соопшти полицијата, пренесува NBC News.

Мажот, идентификуван од полицијата како Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница.

Шефот на NYPD, Џефри Б. Мадри рече дека маж околу 13 часот и 30 минути влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил.

Случајни минувачи, судски службеници и полиција се обиделе да го изгаснат пожарот со палта и противпожарни апарати.

Во тоа време, целосната порота беше собрана за судењето на Трамп – 12 поротници и шест заменици избрани за судењето, кое се очекува да трае околу шест недели.

Пожарникарите рекоа дека Азарело бил пренесен во одделението за изгореници во медицинскиот центар Веил Корнел, каде што бил пренесен жив, но во критична состојба.

Четворица полицајци и еден судски службеник се здобиле со полесни повреди по гаснењето на пожарот.

ВИДЕО.