(ВИДЕО) МАЖ СО САМУРАЈСКИ МЕЧ НАПАДНА ЛУЃЕ ВО ЛОНДОН, ПОЧИНА 13-ГОДИШНИК

0
54

13-годишно момче е убиено во напад со меч денеска во Лондон, потврди лондонската полиција. Ранети се уште четворица, меѓу кои и двајца полицајци.

„Момчето беше пренесено во болница откако беше избодено и за жал набрзо почина“, соопшти полицијата обраќајќи се до медиумите.

ВИДЕО.

„Во нападот повредени се уште четири лица, двајца полицајци и двајца минувачи. Полицајците се со тешки телесни повреди и мора да бидат оперирани, но според информациите со кои располага полицијата во моментов, нивните повреди не се живот- заканувачки, и двајцата ранети минувачи не се во животна опасност“, додаваат оттаму.

ВИДЕО.

„Напаѓачот е уапсен 22 минути откако полицијата го примила првиот повик“, изјави началникот на локалната полиција, додавајќи дека осомничениот е во притвор. „Не веруваме дека има некаква закана за пошироката јавност и не бараме други лица“, рече Бел, додавајќи дека тие веруваат дека инцидентот не е поврзан со никаков терористички акт.

Маж вооружен со меч во североисточен Лондон избоде неколку лица, соопшти претходно лондонската полиција.

Полицијата интервенирала по дојава дека автомобил влетал во куќа во близина на метрото.