ВИДЕО| Мечка влета на погреб во Романија, па настана паника во поворката

0
4317

Во романскиот град Бордосиу во округот Муреш, на погребот се појави мечка, која предизвика голема паника кај седумдесетина луѓе кои дојдоа да го испратат починатиот

Како што јави романската телевизија Антена 3, мечката излегла од шумата и застанала на патот на погребната поворка која се упатила кон гробиштата. Исплашен од крикот на луѓето се вратил во шумата.

„Да бевме помалку, мечката ќе не нападнеше, но се исплаши и побегна. Истрча кон ридот, се сврте и погледна неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат, но и мечката беше многу вознемирена“, рекол еден од присутните на погребот.

По инцидентот во кој нема повредени, погребот продолжил.Иако опасноста помина, мештаните се уште се плашат да не сретнат мечка, бидејќи гробиштата се опколени со шума.

Луѓето избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски од страв од мечки.