Грчката полиција се пошегува за сахарската прашина и ги предупреди граѓаните

0
61

Состојбата која владее во Грција во последните 24 часа, со наездата на африканска прашина, која зафати најголем дел од областите, ја истакна грчката полиција со хумористична објава на социјалните мрежи.

Во објавата на Фејсбук го покажува Акропол прекриен со прашина и портокалов, додека на улица во центарот на Атина покрај мотоцикл додадоа и две камили како декор на новонастанатиот амбиент во грчката престолнина.

Истовремено, полицијата ги повика граѓаните да се информираат за сообраќајот на улиците на Атина и Солун.