Исчезнати се 15-годишно девојче и нејзиното бебе

0
8750

15 годишно девојче и нејзиното бебе се пријавени за исчезнати од страна на нивното згрижувачко семејство.

„Дваесети и седумгодишната скопјанка Џ.А., згрижувач на 15-годишната малолетничка Н.А. вчера околу 21 часот пријавила во СВР Скопје дека,по претходна расправија, од нејзиниот дом се оддалечила малолетничката Н.А., која со себе го земала и своето бебе“, информираат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки.