Ковачевски од Тетово: Во изборната единица 6 сите нудат кандидати од минатото, само СДСМ има кандидат за иднината во Агрон Демири

0
66

„Ги гледав сите листи за пратеници од Изборната единица 6 и ги видов кандидатите. Вие имате седум листи, кога ќе ги видите кандидатите на сите листи, тоа се кандидати од минатото. Единствен кандидат за иднианта е Агрон Демири“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот митинг во Тетово.

Тој додаде дека Демири како што беше најдобар претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово, така ќе ги застапува сите граѓани на најдобар начин и во Парламентот на Република Северна Македонија.

„Заедно со Слајванка и Адријана од ИЕ6, СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе се гордеат какви пратеници ќе бидат“ рече Ковачевски.

Агрон Демири, единица 6, кандидати, ковачевски, минатото, СДСМ, Тетово