Лицата кои наполниле 18 години и немаат личен документ ќе се фотографираат без термин

0
107

Министерството за внатрешни работи организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Фотографирањето ќе се одржи на 6 април во перод од 8 до 15 часот.

-Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори, се вели во соопштението од МВР.