Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

0
58

Македонец кој додека бил на службен пат во Унгарија доживеал мозочен удар, бил опериран во Сегед, а денеска со медицинскиот хеликоптер на МВР е пренесен на лекување на Клиниките во Скопје.

Барањето за транспорт на човекот кој неколку денови се лекувал во Сегед било испратено до Центарот за управување со кризи.

Притоа, на барањето е одговорено веднаш и по создавањето услови за безбеден транспорт, тоа е реализирано од страна на Хеликоптерската единица на МВР со хеликоптерот „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство денеска. Инаку, лицето било на службен пат во Унгарија и доживеало мозочен удар, по што веднаш било сместено и оперирано на Универзитетската клиника во Сегед, по што од таму денеска е транспортиран и е сместен на Универзитетската клиника во Скопје, информираат од ЦУК.