Најмалку двајца загинати во руските напади врз украинскиот град Харков

0
62

Најмалку две лица се убиени во серија напади што руските сили ги започнаа рано утринава врз украинскиот град Харков, според прелиминарниот биланс објавен од локалните власти, кои го осудија гранатирањето врз цивилни цели.

И гувернерот на регионот Олег Синегубов и градоначалникот Игор Терехов на социјалните мрежи го потврдија овој биланс, во кој има и најмалку шест ранети.

Нападите се случија во две населби и, според гувернерот, руските сили користеле наведувани проектили.
Само во областа Харков во источна Украина, украинските власти забележаа околу дваесет бомбашки напади во последните 24 часа.

Руските акции, изминатиот период се шират и надвор од линијата на фронтот, а во напад врз украинскиот град Одеса загинаа најмалку пет лица.

Во Одеса беше погоден историскиобјект кој и припаѓаше на судската академија, а според надлежните објектот бил погоден со проектил „Искандер“ со касетна муниција.

Овие проектили со оружјето кое Украина го има на располагање се тешки за пресретнување.