Оваа девојка има супермоќ, ги гледа органите преку кожата и ги исправа дијагнозите на лекарите!

0
36924

Наталија Наташа Николајевна Демкина е родена во Саранск, Русија, а во 1987 година, кога имала 10 години, сфатила дека има супермоќ. Имено, Русинката развила чудна натприродна способност, односно, рендгенски вид. Тоа се случило откако го оперирала слепото црево.

Во многу случаи, после ваква операција, луѓето пријавуваат лични искуства за намалена способност за концентрација, намален опсег на внимание и проблеми со меморијата. Овие промени понекогаш се доволно сериозни за да ја променат личноста на засегнатото лице или да ја попречат неговата способност да врши нормални активности.

Но, случајот со Наташа Демкина бил сосема поинаков, но фасцинантен. Таа може да ја гледа внатрешноста на човечкото тело.

-Бев дома со мајка ми и одеднаш сфатив дека гледам поинаку. Можев да ја видам внатрешноста на нејзиното тело и почнав да ѝ кажувам за органите што ги гледам. Сега, морам да преминам од мојот редовен вид на она што јас го нарекувам „медицински вид“. За дел од секунда гледам шарена слика во внатрешноста на лицето и потоа почнувам да анализирам, вели Демкина.

После ова искуство, за Демкина се расчуло низ маалото. Луѓето почнале да се собираат пред нејзината куќа за да ги открие нивните болести.

Дијагноза во болниците

Откако ги слушнале гласините за Наташа Демкина, лекарите во нејзиниот роден град побарале од неа да изврши низа задачи за да утврдат дали навистина ги има овие способности. Ја однеле во локалната детска болница каде, на изненадување на сите, на децата им поставила точна дијагноза.

Било објавено дека Демкина користела слики што им ги покажала на лекарите. На еден од лекарите му покажала слика од нешто во стомакот. Тоа бил неговиот чир.

Со својот извонреден вид, Демкина исправила погрешна дијагноза на лекарите во врска со една госпоѓа која наводно боледувала од рак.

Kanal5.mk