Пендаровски: Мицкоски нека набави „џи пи ес“ за неговата кандидатка за претседател

0
124

Ваквата порака беше одговор на обвинувањата на Мицкоски дадени претходно во Василево дека Пендаровски не си ја знаел земјата, дека пет години заборавил на Македонија и дека за време на петгодиншниот мандат ниту еднаш не дошол во општина како што е Василево за да праша со какви проблеми се соочуваат граѓаните
Христијан Мицкоски да набави „џи пи ес“ за неговата кандидатка, му порача претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на средба со граѓаните во Кавадарци. Ваквата порака беше одговор на обвинувањата на Мицкоски дадени претходно во Василево дека Пендаровски не си ја знаел земјата, дека пет години заборавил на Македонија и дека за време на петгодинишниот мандат ниту еднаш не дошол во општина како што е Василево за да праша со какви проблеми се соочуваат граѓаните.