Стано: Целта на ЕУ е да им помогне на Белград и Приштина да почнат да се однесуваат европски

0
58

Затоа не може да се каже дека досегашните резултати се неуспех на Лајчак. Тој го стори најдоброто што го можеше во името на високиот претставник, во името на ЕУ, со целосна поддршка на сите 27 земји членки. Не е коректно за нешто да се каже дека е неуспех, затоа што двете страни не го потпишаа Охридскиот договор, рече Стано.

Од досегашното искуство од работата на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, Унијата научи дека ако страните во еден спор не сакаат напредок, никој не може со сила да ги натера на тоа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни односи и одбранбена политика Петер Стано.

– Нашата улога како олеснувач во дијалогот меѓу Белград и Приштина е да олесниме, да им помогнеме да станат Европејци и да почнат да се однесуваат на европски начин за да најдат компромисни решенија за прашањата кои се важни за нивните граѓани, истакна Стано во одговор на новинарско прашање за оценка на работата на Лајчак, кој од септември заминува на должноста евроамбасадор во Швајцарија.

Според Стано, тоа што Србија и Косово досега не успеаја да постигнат напредок во дијалогот и во имплементацијата на договорените обврски не претставува неуспех на ЕУ или на посредникот Лајчак, туку нивни неуспех да испорачаат.

Стано додаде дека тоа што ЕУ именува специјален претставник за дијалогот е показател за важноста на ова прашање за Унијата и нејзината желба да им помогне на двете страни да остварат напредок на дневна основа.

– Затоа не може да се каже дека досегашните резултати се неуспех на Лајчак. Тој го стори најдоброто што го можеше во името на високиот претставник, во името на ЕУ, со целосна поддршка на сите 27 земји членки. Не е коректно за нешто да се каже дека е неуспех, затоа што двете страни не го потпишаа Охридскиот договор, рече Стано.

Тој додаде дека Охридскиот договор и имплементацијата на останатите договорени одредби е дел од обврските на Србија и Косово поврзани со процесот на нивната евроинтеграција.

-Ако не постигнат напредок во имплементација тие се нанесуваат штета сами на себе, на својата европска иднина и на придобивките што би ги добиле нивните граѓани, додаде Стано.