ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

0
78

Родителите на убиеното девојче Данка Илиќ од Бор велат дека она што го трпат е страшно. Тие преживуваат голгота.

Девојчето исчезна на 26 март, а потоа полицијата уапси две лица кои признаа дека ја удриле Данка со службеното возило, по што едниот од нив ја задавил и ја фрлиле.

„Смртната казна за нив не е доволна, треба да бидат затворени до крајот на животот. Тие се чудовишта, тоа што го доживуваме цело време е неописливо. Само родител може да го разбере тоа“, изјави за „Телеграф“ Милош Илиќ, таткото на убиената двегодишна Данка.

Тој заедно со сопругата Ивана дојде во Вишото јавно обвинителство во Заечар да даде исказ.

Таткото вели дека луѓето им се јавуваат и ги навредуваат.

„Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе“, рече таткото.

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор се уапсени за убиството. Родителите на Драгијевиќ молчат, а татко му кажа дека нема да открие каде се наоѓа телото на Данка.

Фактор