Тензично на Клиниката за Токсикологија, лекарите бараат од директорката Иљази да дозволи вработувања на стручен кадар

0
47

Министерот за здравство ќе го разрешува медицинскиот директор на токсикологија Петровски, бидејќи според него на етичка основа ги навредувал дел од вработените.

Но тој не ја спомна и економската директорка Иљази, која планира да вработува кадар на договор на дело а не да вработува стручни лица. Таа пак имаше денеска пресконференција на албански јазик и одби да зборува македонски.

„Затоа тврдам дека не може да мисли така и да се служи со таков речник. Верувајте јас ќе превземам сериозни мерки, искрено ви кажувам директорот кој е медицински денеска ќе го разрешам.“ – изјави Демири.

Доктор Нико Беќаровски заедно со дригуте лекари денеска обвинија дека економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку таа имала намера да вработи дури 18 лица на кои им истекоа договорите на дело. Докторите велат дека помеѓу нив имло лица без соодветно образование .

„Упорно од директорката се инсистира сите 18 кои што беа претходно примени со договор на дело а на кој што им истече на 31 декември договорот на дело и не знаеме од кој причини не им е продолжен да бидат истовремени примени. Одма да ви кажам дека во неколку наврати сме разгледувале и ставот на лекарскиот колегиум е дека стварно немаме потреба.“ – изјави Беќаровски.

Уште еден скандал денеска кој се случи на клиниката за токсикологија, е тоа што еден од болничарите призна дека имал намера да фалсификува резултат за присуство на наркотици во урина. Тој е еден од 18 те лица кои еконосмката директорка сака да добие вработување.

„Тоа сум го рекол од не знаење. Не сум ги знаел процедурите како идат и сум го прашал само. “

Веднаш потоа Директорката на Клиниката Бесија Иљази ги свика новинарите на пресконференција. На која зборуваше само на албански јазик. Кога побаравме превод на македонски јазик Иљази повторно ни се обрати на албански а колегите албанци ни преведоа дека нема да зборува на мекедонски јазик. Со тоа немавме можност нејзиниот став на јавноста.

Вчера дел вработените во токсикологија преку писмо до јавноста го кренаа гласот и алармот за состојбите на универзитетската клиника.