Oхриѓанец со џип се обидел да прагази полицајци, а потоа направил сообраќајка

0
72

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишниот К.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

На 14 април годинава тој на магистралниот пат Охрид – Кичево, со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ во Охрид предизвикал сообраќајна незгода, информира МВР.