Импровизиран кревет и забоден нож пронајдени на гаражното место на претседателката на Уставен, Кацарска

0
136

Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска пријавила во полиција дека добила закани по својот живот откако пред нејзината гаража пронашла импровизиран кревет и нож.

–На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.