Непотребно се драматизира, ќе се прска против комарци кога ќе се стабилизира времето, тврдат од Град Скопје

0
127

Тендерот не е поништен, набавката која се спроведе беше делива, за авионска апликација и средство е завршена и постапката ќе се реализира веднаш штом се створат соодветни временски услови за истата – објаснуваат од Градот.

Непотребна е драмата која се крева по социјалните медиуми затоа што сѐ уште не е извршено првото прскање против комарци и таа е креирана од „извесни центри“. Ова е одговорот кој стигна од Град Скопје после неколкудневниот молк на нашите прашања зошто доцни прскањето против ларви за комарци и кога ќе се изврши дезинсекцијата. Оттаму се правдаат дека сe виновни и неповолните временски услови, но конретен одговор нема кога скопјани ќе ја добијат првата заштита од овие инсекти.

Ќе се прска кога ќе има услови за истото. Во врнежливи денови не е возможно да се прска и нема да има ефект од истото, неопходно е времето да биде стабилно по што ќе се пристапи кон реализација на постапката – велат од Град Скопје.

Како што веќе информиравме постапката за доделување договор за јавна набавка за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје за 2024 година, била поништена на крајот од април. Од достапните документи на електронскиот систем за јавни набавки, може да се види дека тендерот бил распишан уште во јануари, а поништени се делови од постапката, а како причина се наведува дека не била поднесена „ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда“.

Тендерот не е поништен, набавката која се спроведе беше делива, за авионска апликација и средство е завршена и постапката ќе се реализира веднаш штом се створат соодветни временски услови за истата – објаснуваат од Градот за тоа кои делови од тендерот за дезинсекција против комарци и ларви од комарци се поништени и дали ќе се спроведува нов тендер.

Извор СП