Срцето на натписот „Гостивар“ на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата, а вчера исцртани со илустрации и графити со недолична и навредлива содржина, денеска е саниран, разубавен и повторно го краси Градскиот парк во Гостивар, пишува Гостивар Пресс.
Активноста беше иницирана во пресрет на 24-ти мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи како и за Денот на македонското знаме 15 Мај.