Овие три хороскопски знаци е најлесно да ги повредите, а за тоа да не знаете

0
145
Version 1.0.0

Некои хороскопски знаци се цврсти како карпа. Но кои се оние чии нежни чувства е најлесно да се повредат?

Рак

Можеби е и најосетливиот хороскопски знак. Колку што сакаат да примаат љубов, толку сакаат и да ја даваат. Без разлика дали доаѓа од семејството, од пријателите или од партнерот, тие навистина уживаат во љубовта и доколку не им е возвратена, може да бидат длабоко повредени. Најдобар начин да бидете љубезни и добри кон ракот е да не ги изневерите неговите чувства.

Шкорпија

Шкорпиите во суштина имаат многу меко срце без разлика како и да ви изгледаат од страна. Всушност за да не бидат повредени тие ги кријат своите чувства. Не сакаат да бидат отфрлени и ако се чувствуваат така, тогаш тоа може да биде голем проблем. Во состојба се да обратат внимание и на најситните детали. Ќе забележат ако ги искористувате, дури и кога мислите дека не знаат.

Риби

Рибите длабоко веруваат во верност, па ќе ви дадат сѐ што имаат, но и очекуваат исто и за возврат. Со нив никогаш не можете да бидете „на пола пат“, а поради тоа што се мечтатели, често се случува да имаат и нереални очекувања. Баш поради тоа и се толку ранливи – доколку не сте подготвени да им дадете сѐ, подобро не ни влегувајте во врска со нив.

Skopjeinfo.mk