Османи како технички министер им се пожали на амбасадорите за одлуките на ДИК

0
127

Османи преку својот приватен фејсбук-профил информира дека имал средби со амбасадорите на Обединетотот Кралство, САД, Германија, Велика Британија и Холандија.

„Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“, напиша Османи во својата фејсбук – објава.

Тој вчера ревносно ги објавуваше со фотографија средбите со амбасадорите со кус текст и со фотографија. Но на ниту една објава за одделните средби со амбасадорите, преку официјалниот фејсбук-профил како политичар, Османи не ја спомена Државната изборна комисија ниту го спомена „изборниот инжинеринг“. За тоа прашање бездруго разговарал, но тоа не најде место во официјалните објави за одделните средби.

Така, на средбата со холандскиот амбасадор тој ѝ се заблагодарил на неговата држава за активната поддршка за членство во ЕУ, па напиша:

„Нагласена е неопходноста за почитување на Охридскиот рамковен договор како и на другите меѓународни договори кои се од суштинско значење за иднината на Северна Македонија и забрзувањето на евроинтегративниот процес“.

За средбата со американската амбасадорка Османи објави:

„Ја нагласив неопходноста од почитување на Охридскиот рамковен договор и забрзување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија како споделен стратешки интерес и гаранција за стабилноста.Посветеност за зајакнување на билатералните односи на линија на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД“.